Почетна Убавина и здравјеЦеца проговори за тоа што НИКОГАШ повеќе НЕ САКА во животот – Убавина и здравје

Цеца проговори за тоа што НИКОГАШ повеќе НЕ САКА во животот – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за


Светлана Ражнатовиќ Цеца со широка насмевка на лицето проговори за тоа како се однесува како учесник во сообраќајот.

Цеца Ражнатовиќ за медиумите откри дека веќе нема желба да седне зад воланот, а причина за тоа е огромната гужва во главниот град на Србија. Фолк-ѕвездата додаде какви автомобили претпочита и дека големите и бесни машини отсекогаш биле по нејзин вкус.

Долго време возев сама низ Белград, но моменталната ситуација во градот ме тера воопшто да не сакам да возам, поради ситуацијата со паркинзите и се’ друго. Отсекогаш ги возев овие тенкови, големи автомобили, па веќе немам желба да возам сама – изјави Цеца.


Поврзани објави

Сега убаво седам како госпоѓа, го земам телефонот и гледам што има на социјалните мрежи, а тие што ме возат се нервираат. Некогаш јас бев таа што се нервираше зад воланот. Страшна сум и како пешак и како возач. Ужасна сум во секој случај – додаде таа со насмевка.

Кога некој ќе ми налета во сообраќајот, му пцујам се’ по список. Кога нешто не ми е по волја, врескам: „Каде гледаш, бе, брат?!“. Така е и кога возам и кога поминувам пешки – призна Цеца.