Концертот во Бања Лука се одложува поради лоши временски услови и загрозена безбедност
Концертот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, кој требаше да се одржи во сабота, 26 јули, во Бања Лука, е одложен поради лоша временска прогноза. Организаторите соопштија дека одлуката е донесена во консултација со надлежните служби.
Според најавите, во текот на викендот се очекуваат дожд и грмежи, што би го отежнало одржувањето на настанот на отворено. Поради тоа, новиот датум на концертот е закажан за петок, 22 август.
Поврзани објави
Цеца Ражнатовиќ неодамна имаше слична непријатност кога за малку ќе останеше заглавена на пат кон Ужице поради невреме. Организаторите потенцираат дека безбедноста на публиката, изведувачите и техничкиот тим е најважна.
Сите купени влезници остануваат валидни за новиот термин. Организаторите ги повикуваат посетителите да ги следат официјалните канали за понатамошни информации.
printskrin Youtube-K1 Televizija ceca