Почетна ЕкономијаДиректорот на Експо 2027, Душан Боровчанин, поднесе оставка

Директорот на Експо 2027, Душан Боровчанин, поднесе оставка

од nenad
1 минути читај за

Душан Боровчанин се повлече од функцијата директор на компанијата Експо 2027, основана од Владата на Србија како друштво со ограничена одговорност за организација на специјализирана меѓународна изложба, објави „Радар“.

На оваа позиција, како што тој самиот потврди, ќе го замени Данило Јериниќ, кој претходно беше директор за операции во компанијата.

Јериниќ потврди дека Боровчанин останува дел од тимот и ќе биде преместен на позицијата советник на директорот за комуникација со Меѓународното биро за изложби и земјите учеснички.

Основниот капитал на компанијата беше зголемен од првичниот милион на 4,1 милијарди динари, а сите 35 милиони евра беа исплатени од државата на 5 јуни оваа година. Експо 2027, специјализирана меѓународна изложба, ќе се одржи во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година, со тема „Игра(ј) за човештвото“.

„Експо влегува во нова фаза на развој, што подразбира премин од фазата на планирање и стратешка подготовка на проектот во фазата на негово непосредно спроведување на терен.”

„Пред нас е година и пол напорна оперативна и теренска работа, во која е потребно менаџерот на компанијата да премине од улогата на подготовка и развој на планирањето, која Боровчанин ја изврши одлично.”

„Се надевам дека ќе ја оправдам довербата што ми беше укажана и ќе ја доведам до крај имплементацијата на овој, за нашата земја, исклучително важен проект“, изјави Данило Јериниќ во кратка писмена изјава за „Радар“.

зш/ .

Извор: МИА