Ким Кардашијан, која моментално ја следат 358 милиони луѓе на Инстаграм, во рекорден рок изгубила повеќе од 150.000 следбеници, и тоа поради првата дама на Америка!
Најпопуларната старлета на светот и една од најследените личности на Инстаграм, Ким Кардашијан, со молскавична брзина изгубила дури 150.000 следбеници, и тоа затоа што на стори споделила слика од Меланија Трамп од инаугурацијата на нејзиниот сопруг и новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Имено, штом ја објавила фотографијата од Меланија со сега веќе популарниот шешир, луѓето не престанале да ѝ пишуваат колку ги разочарала. Ја протолкувале оваа постапка како поддршка за Доналд, што се чини дека нема да ѝ го простат лесно.
Сличен став имале и нејзините обожаватели на социјалната мрежа Х, каде што моментално ја следат 75 милиони луѓе, па и таму во рекорден рок изгубила 9.553 следбеници.
Исто така, нејзините обожаватели ѝ порачале дека никогаш веќе нема да купуваат модни парчиња од нејзиниот огнено скап бренд SKIMS.
Поврзани објави
Меланија Трамп, дефинитивно, го разгори модниот свет и му го украде шоуто на својот сопруг во тој историски момент, а може да се забележи дека не ја оставила рамнодушна ни Ким Кардашијан.
Некои од коментарите на сметка на познатата Кардашијанка кои имале најголем број реакции гласеле:
„Ве молам престанете да ја поддржувате Ким Кардашијан, бидејќи штотуку потврди дека гласала за Трамп со сликата од неговата сопруга.“
„Значи, сите се согласуваме дека Ким Кардашијан е симпатизерка на Трамп, зар не?“
„Кардашијанките се симпатизерки на Трамп и тоа не е никакво изненадување. Најдобрите пријателки на Маск и Безос. Секогаш си ја продаваат душата за долар и минута релевантност“.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @kimkardashian