„Целулит на сонце“, напиша атрактивната Нивес Целзијус во описот на последната снимка на својот инстаграм-профил, а објавата традиционално ги возбуди следбениците на славната инфлуенсерка.
На видеото се гледа како Нивес плови по даска во кафеав костим за капење и весла во морето, а нејзините облини ги оставија коментаторите без здив. Некои дури истакнаа дека популарната Нивес предизвикува „климатски промени“.
Поврзани објави
До крајот на летото, Нивес очигледно планира да продолжи да воодушевува со вакви снимки и фотографии, а оваа сестрана ѕвезда – пејачка, актерка, писателка и инфлуенсерка – ќе ја видиме оваа есен како главна водителка на новото регионално реално шоу „Имање“.