Бен Афлек и Џенифер Лопез ги подготвиле документите за развод на бракот
Сега е официјално – познатата холивудска двојка Бен Афлек и Џенифер Лопез се подготвени да поднесат барање за развод, по повеќемесечните шпекулации.
Пријатели блиски на парот изјавиле дека актерот (51) и пејачката (55) се подготвени да поднесат барање за развод откако последниот обид за смирување им пропаднал последниве недели.
Документите за развод се завршени, но сѐ уште не се предадени, тврдат повеќе извори за „Дејли Мејл“.
Оваа вест се појави по информацијата дека Афлек купил нова вила вредна 20,5 милиони долари во Пацифик Палисадеса во Калифорнија во средата, 24. јули, денот кога Лопез наполни 55 години.
Пријателите на Лопез потврдиле дека тоа што Афлек неочекувано купил милионска вила на нејзиниот роденден ја погодило како „убод во срцето“.
Тоа била капката што ја прелила чашата и која покажала дека помеѓу некогашниот пар веќе нема можност за пронаоѓање заеднички јазик и живот.
Поврзани објави
„Ги завршија документите за развод пред еден месец, но го чекаат вистинското време за да ги поднесат“, открил извор близок на поранешната двојка.
Извесно е дека разводот ќе се случи само, како што наведуваат изворите, го чекаат вистинскиот момент. Сето ова било очигледно од самиот почеток кога Бен Афлек се отселил од нивната заедничка куќа, која потоа и ја продале, а и не биле видени заедно во јавност подолго време.
Повремено излегувале заедно за да се обидат да се смират. Дури и поранешната сопруга на Афлек, Џенифер Гарнер, учествувала во тоа, но залудно. Двојката не успеала да се смири ниту да направи некаков компромис.
Како што наведуваат изворите, поранешната двојка веќе ја прифатила целата ситуација како неизбежна.
Бен и Џенифер последен пат биле фотографирани заедно на 30. март. Оттогаш летото го поминувале одвоено: Џенифер главно на источниот брег, додека Бен бил дома во Лос Анџелес.
Бен Афлек и Џенифер Лопез беа во брак од 16 јули 2022 година до сега.