Почетна СветХуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал

од nenad
1 минути читај за

Европската Унија издвои два милиона евра хуманитарна помош за жртвите од катастрофалните поплави во кои загинаа повеќе од 500 луѓе во Непал.

Гледаме патишта однесени од вода. Села отсечени од светот. Семејства кои бараат исчезнатите. Поплавите во Непал ги потресоа заедниците кои сè уште закрепнуваа од минатите катастрофи, изјави комесарката на ЕУ за управување со кризи, Хаџа Лабиб.

Таа истакна дека доделените средства се наменети за покривање на итни потреби за здравствена заштита, храна, засолништа и вода.

Во меѓувреме, Европска комисија соопшти дека партнерските организации финансирани од ЕУ веќе обезбедуваат помош на терен.


Post Views: 93

Извор : vesnik-ilinden.com

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал