Почетна СветСтрашна сообраќајна несреќа во Косово: Трудница е тешко повредена, четири лица загинаа

Страшна сообраќајна несреќа во Косово: Трудница е тешко повредена, четири лица загинаа

од nenad
1 минути читај за

Четири лица го загубија животот, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на патот Урошевац-Штимље, јавуваат “Репортери”.
Оваа вест ја потврди Канун Весели, портпарол на полицијата за Урошевац и изјави дека во несреќата учествувале три автомобили.

„Околу 19 часот и 15 минути во подрачната полиција Урошевац е добиена информација дека на патот Урошевац-Штимље на влезот во Штимље се случила сообраќајна незгода во која учествувале три патнички возила, автомобили со локални регистарски таблички. Во оваа несреќа четири лица загубиле нивните животи, чија „Смртта била констатирана од лекари на лице место“, изјави Весели.

Според него, екипи за итни случаи се на лице место, а увид врши и единицата за истражување на патниот сообраќај.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила трудница и нејзиниот сопруг, кои се пренесени во Универзитетскиот центар на Косово.

Инспирирано од: infomax.mk