Почетна Убавина и здравјеФута по смртта на Марина Туцаковиќ почна врска со неа (ФОТО) – Убавина и здравје

Фута по смртта на Марина Туцаковиќ почна врска со неа (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Познатиот композитор Александар Радуловиќ Фута по смртта на сопругата, легендарната текстописка Марина Туцаковиќ, започна врска со Надица Мутавџиќ, која и самата се занимава со пишување песни и е исклучително активна на социјалните мрежи.

По најновите фотографии што ги објави, Надица повторно го привлече вниманието на своите следбеници. На фотографиите таа е насмеана и расположена, додека во преден план е нејзиното деколте. Комплиментите веднаш почнаа да пристигнуваат, а многумина ѝ порачаа дека никогаш не изгледала подобро.

Надица често споделува моменти од својот приватен живот со следбениците, па на нејзиниот профил на Инстаграм може да се видат и фотографии од летувања, меѓу кои и оние на кои позира во бикини.

Таа позирала во жолт, но и во шарен костим за капење, а она што неизбежно паѓа в очи на фотографиите е нејзината широка насмевка.

Заедно биле и на одмор

Надица неодамна се огласи и во јавноста по повод крстарењето со Фута за кое се зборуваше во медиумите.Тогаш на социјалните мрежи поставила прашање:

Дали соработник смее со својот соработник да оди во Црна Гора?“

Сепак, таа не сакала дополнително да го коментира нивниот однос.

Надица и Фута биле заедно и на роденденот на пејачот Жељко Самарџиќ, од каде што таа ја објавила и нивната прва заедничка фотографија. Нивната блискост оттогаш предизвикува големо внимание во јавноста, особено по смртта на Марина Туцаковиќ, со која Фута беше во брак.

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

Фото: Printscreen Instagram