Почетна Популарно(Фото) ЈП “Градски паркинг” – Скопје спроведува редовно кастрење на дотраените гранки со цел побезбедно паркирање

(Фото) ЈП “Градски паркинг” – Скопје спроведува редовно кастрење на дотраените гранки со цел побезбедно паркирање

од nenad
1 минути читај за

Денес вработени во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со екипа од ЈП „Паркови и зеленило“, излегоа на терен со цел уредување на паркиралиштето на зона Б7 кај Скендербег, соопштија од претпријатието на Фејсбук.

Се спроведува редовно рутинско кастрење на дотраените гранки со цел побезбено и попристапно паркирање на возилата. Исто така се уредува и расчистува паркиралиштето.

При ваквите редовни акции на уредување на зонските паркиралишта, односно со цел нивно целосно изведување, понекогаш е потребно дислоцирање (препаркирање на друго место) на одредени возила од страна на корисниците и истите се известувани телефонски – им благодариме за разбирањето и соработката. – велат од претпријатието.

Инспирирано од: infomax.mk