Почетна Убавина и здравје(Фото) Том Брејди откако се разведе со Жизел, уловен со топ моделот Ирина Шајк

(Фото) Том Брејди откако се разведе со Жизел, уловен со топ моделот Ирина Шајк

од nenad
1 минути читај за

Веста за потенцијалната врска ја објавија светските медиуми, а фотографите на странските медиуми се појавина на социјалните мрежи.

Наводно, како што пишуваат странските медиуми, сè започнало во петокот, кога новинарите добиле информација дека тој најпрвин ја земал во хотелот Бел-Ер попладне, за да ја одвезе до неговиот дом. Извори на споменатите медиуми открија дека Ирина и Том влегле во неговиот дом насмеани и дека таа не излегла оттаму до следното утро околу 9:30 часот.

Брејди се разведе од Жизел Бундхен минатиот октомври. Со неа, ги доби синот Бенџамин Реин и ќерката Вивијан Лејк. Тој исто така го има синот Едвард Томас со Бриџит Мојнахан.

Во 2019 година, Ирина раскина со Бредли Купер, со кого ја има ќерката Леа. Медиумите минатата година ја поврзуваа и со Канје Вест, но нивната врска беше краткотрајна.