Миленикот на жените, српскиот актер Милош Биковиќ во моментот е на летен одмор со своето семејство, а неговата сопруга Ивана Малиќ ги воодушеви сите со фотографии од одморот.
Ивана се фотографирала во својот мрежест фустан за плажа, а потоа и во костим за капење, додека во позадина се гледал нивниот син Василије како трча низ просторот во кој се сместени.
Сопругата на Биковиќ по породувањето успеа да ја доведе линијата до совршенство, па дури има и стомачни мускули.
Поврзани објави
А поради нејзиниот изглед, следбениците ја опсипаа со пофалби.
Биковиќ го искористи своето слободно време за кратка пауза од бројните професионални обврски, па затоа замина на семеен одмор заедно со сопругата Ивана Малиќ и синот Василије.
Оваа година, трочленото семејство отпатува во Бодрум, Турција, каде што ужива во луксузен одморалиште кое зрачи со мир и удобност – идеално за релаксација и семејни моменти.
Фото: Инстаграм Принтскрин