91
На годинашниот карневал „Прочка 2023“ во Прилеп учествуваа повеќе од 500 маскирани и преку 20 групни маски. Најдобрата групна маска беше „Флинстонови“ од прилепското училиште „Блаже Конески“, додека најдобрата поединечна маска беше „Мила-волк-ајкула“. Отворена беше со прилепските мечкари како заштитна и вековна маска на Прилеп.