Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го осуди нападот врз српските момчиња во Штрпце, нагласувајќи дека нивното ранење е неприфатливо и дека сторителот на нападот мора да биде изведен пред лицето на правдата, јавуваат Репортери.
„Ранувањето млади мажи на возраст од 11 и 21 година во Штрпац е неприфатливо дело, затоа сторителот мора да биде изведен пред лицето на правдата“, вели Османи.
Претседателот побара од безбедносните агенции итно да се позанимаваат со случајот.
„Институциите на Косово се целосно посветени на обезбедување безбедна и мирна средина за граѓаните, без разлика на етничката припадност. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а ги повикувам безбедносните агенции итно и согласно законот да го решат случајот“, рече Османи.