Иван Ивановски, основач на PrimeClass.mk и Prime Capital by Adora, за Економист: Светот во 2026-та
Во период кога глобалната економија се движи низ најкомплексните трансформации на современиот пазар, станува јасно дека иднината не припаѓа на оние што реагираат брзо, туку на оние што разбираат длабоко.
Во свет каде што капиталот, технологијата и информациите се движат со невидена брзина, финансиската писменост се истакнува како еден од најважните ресурси на модерното општество – не како алатка за брз профит, туку како основа за рационално одлучување, стабилност и економска самодоверба.
Како основач на PrimeClass.mk, првата и најголема едукативна програма за инвестирање и дневно тргување на македонски јазик, имав можност директно да го следам ефектот што го создава вистинското знаење.
PrimeClass не беше тренд или случајност; ја создадов со јасна цел: да изградиме средина во која секој може да стекне методологија, анализа и дисциплина што ги претвора пазарите од непознаница во логичен систем.
Денес, со над 3.000 активни студенти, PrimeClass е доказ дека образованиот инвеститор не е ранлив инвеститор – тој е стабилен, трпелив и рационален“, истакнува Ивановски.
Голем дел од стратегиското размислување Ивановски го продолжил заедно со својот прерано починат партнер, Душко Чифлиганец, човек со редок стратешки ум и визија, кој секогаш гледаше подалеку од непосредните економски циклуси.
Од таа заемна доверба произлегол проектот Prime Capital powered by Adora – иницијатива што претставува природно продолжение на истите вредности: дисциплина, анализа и одговорно управување со капитал.
Денес, моја лична обврска е да ја продолжам неговата визија со сериозноста со која таа беше создадена“, додава Ивановски.
Технологијата како двигател на иднината
Во следните пет години, според Ивановски, се очекува драматична технолошка трансформација што ќе ја преструктурира глобалната економија. Компаниите што комбинираат автономија, роботика, вештачка интелигенција и енергетска инфраструктура ќе станат централни столбови на новата економија.
Поврзани објави
Tesla, според моите анализи, ќе влезе во фаза на забрзан раст поттикнат од автономните системи и роботската индустрија, со потенцијал за повеќекратен раст во наредната деценија. SpaceX ќе ја отвори економијата кон нови вселенски и индустриски модели што денес звучат далечно, но наскоро ќе бидат реалност. Овие промени нема да бидат изолирани технолошки настани, тие ќе го преобликуваат начинот на кој функционираат пазарите, капиталот и трудот. Светот ќе ги наградува оние што мислат долгорочно, а не оние што реагираат на дневната бучава“, нагласува Ивановски.
Едукацијата како клуч за економска стабилност
Но постои и друг критичен аспект за регионот. Во Македонија помалку од 2% од населението активно инвестира, додека во економии како Швајцарија над 60% од граѓаните учествуваат на пазарите на капитал. Разликата не е само во богатството, туку и во културата: луѓето што ги разбираат финансиските механизми имаат поголема контрола врз сопствениот животен стандард, а политичката манипулација е потешка.
Во земјите како Финска, финансиската писменост е интегрирана уште во основното образование. Не затоа што сите треба да станат инвеститори, туку затоа што едуцираниот граѓанин е најсилниот заштитник против корупција, популизам и економска злоупотреба. Колку поединецот е финансиски позрел, толку помала е веројатноста да биде дел од коруптивни практики – не по морал, туку по разбирање. Зрелоста создава независност, а независноста создава интегритет“, објаснува Ивановски.
Тој порачува дека најсилниот економски ресурс на секоја држава е финансиски образованиот граѓанин. Тоа е причината зошто ја создаде PrimeClass и тоа е причината зошто ќе ја продолжи визијата што ја започна со Душко – визија за капитал што се третира со интегритет, анализа и зрелост.
Финансиското знаење не е лична корист. Тоа е јавен интерес. Тоа е темел на стабилна економија, независни поединци и општество што размислува. Кога човек ќе го разбере капиталот, тој ја разбира својата иднина. А економија составена од такви луѓе е економија со насока“, заклучува Ивановски.
Текст: Економист: Светот во 2026-та
Фото: приватна архива