Пејачката Лепа Брена во луксузен хотел во Белград организираше промоција на новите производи од нејзината модна линија „Лејди Б“.
Покрај бројните познати личности кои дојдоа на промоцијата, вниманието го „украде“ снашката Алксандра Пријовиќ која на промоцијата дојде во секси издание.
За оваа прилика Александра избра црно проѕирно боди во комбинација со фармерки, црно сако со дискретни риги и црна марама. Изгледот го заокружи со црна чанта.
Поврзани објави
„Сега сум во добра форма и се што ќе облечам убаво ми стои. Филип сака да ме гледа во вакво издание, а кој маж не сака?“ – им рекла Александра на новинарите со насмевка.
Инаку, нејзиниот свекор Боба Живоиновиќ веднаш ѝ пријде да ја поздрави, ја прегрна, а потоа си поразговараа.