Почетна ЕкономијаФизибилити студијата за дата центарот е готова, се бараат финансиски партнери

Физибилити студијата за дата центарот е готова, се бараат финансиски партнери

од nenad
1 минути читај за

Физибилити студијата за националниот дата центар е готова и во моментот Владата е во фаза на изнаоѓање финансиски партнери за негова изградба, изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

– Работиме и на урбанизацијата на земјиштето, како и на проектната документација. Очекувам дека до пролет ќе ги затвориме овие прашања и се надевам дека во 2027 година ќе успееме да започнеме со конкретната изградба на националниот податочен центар – вели Андоновски, кој присуствува на отворањето на 9. издание на Регионалната конференција за е-трговија.

Вели дека има интерес и од приватниот сектор и дека во текот на неделата се среќаваат со две до три компании кои покажуваат интерес за инвестиции во податочна инфраструктура, било да станува збор за изградба на нови податочни центри или за проширување и надградба на постојните капацитети.

– Во зависност од тоа дали станува збор за домашни или странски компании, се надевам дека ќе успееме да привлечеме ваков тип инвестиции, истакна Андоновски.

Во врска со минатонеделниот прекин на услугите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, министерот вели дека не биле зафатени внатрешни системи на Фондот туку дека станувало збор само за прекин на веб апликацијата поради што пристапот до услугите бил отежнат.
Извор: МИА