Почетна ЕкономијаУЈП: Помош при поднесување на ДДВ-04 пријави, краен рок 25 април

УЈП: Помош при поднесување на ДДВ-04 пријави, краен рок 25 април

од nenad
1 минути читај за

Во одговор на молбите на книговодителите и даночните обврзници, Управата за јавни приходи презема активности за да обезбеди асистенција за брзо разрешување на технички и административни проблеми при употреба на системот за е-Даночни услуги, како помош во текот на процесот на доставување на ДДВ-04 обрасците.

Со цел да се овозможи непречено доставување на ДДВ-04 обрасците за овој даночен период, ИТ службите на УЈП ќе работат и во вечерните часови, соопштија од УЈП.

Процесот на доставување на ДДВ – 04 обрасците, како што наведуваат од УЈП, се одвива без застои и заклучно со вчерашниот ден од очекуваните 40,885, вкупно 12,202 даночни обврзници доставиле ДДВ-04 обрасци, што претставува приближно 30 проценти од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да достават ДДВ-04 обрасци.

Од УЈП ги повикуваат даночните обврзници кои имаат должност да достават ДДВ-04 обрасци за овој даночен период, а сè уште не ги доставиле, уште денеска да ја приложат потребната документација до сметководителите со цел до законскиот рок 25 април 2025 година (петок) да ги исполнат своите даночни обврски.

“Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавите не е само законска обврска, туку и клучен фактор за финансиска стабилност и градење на довербата во институциите,” велат од УЈП.