Станува збор за специјализирани возила за улична продажба, со должина од 4 метри, висина до 3 метри, поставени на површина до 16 квадратни метри, во што влегува подвижниот објект, подвижниот апарат или друга направа, манипулативниот простор и урбаната опрема (канта за отпадоци). Учесниците на повикот треба да имаат регистрирано дејност во Централниот регистар. Должни се да поднесат потврда за исполнети технички услови за вршење на дејноста, опис и фотографија на подвижниот објект што ќе го користат и уплатница од 1.000 денари на сметка на Општина Центар. За поднесените барања ќе важи принципот „прв дојден – прв услужен“ – информираат од Центар.
Рокот за поднесување на пријавите е до 14 март, а барањата се доставуваат во Архивата на Општина Центар, секој работен ден од 9 до 15 часот.