103
Се уште не се знае дали човекот близок до Таравари преку ноќ му свртел грб или пак се работи за однапред договорено сценарио.Откако синоќа луѓе на Таравари нападнаа високи функционери на Алијанса за Албанците, тензијата во партијата е се поголема, а денес одредени медиуми веќе пишуваа дека во сабота на Централното претседателство на Алијанса, претседателот на ова тело Зијадин Села би можел да иницира смена на првиот човек на партијата Таравари, а потоа да побара и смена на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити кои доаѓаат од оваа партија.