Почетна ЕкономијаУкината забрана за камиони на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“

Укината забрана за камиони на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“

од nenad
0 минути читај за

Фото: https://pixabay.com/photos/night-truck-road-big-truck-6015583/

11/01/2026 9:30
ЛОКАЛНО


Утринава во 09:00 часот е ставено вонсила ограничувањето за движење на тешки товарни возила на релација Струга – Граничен премин „Ќафасан“. Оваа забрана беше воведена синоќа во 21:00 часот, според информации од ЈП „Македонија пат“.

Претходно, во 08:20 часот, беше укинато ограничувањето за сообраќај на тешки товарни возила на трасата Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража. Забраната за таа делница беше во сила од полноќ и 25 минути.