Поранешната членка на популарната група „Hurricane“ и ќерка на пејачот Ненад Кнежевиќ – Кнез, Ксенија Кнежевиќ, се порароди и на свет ја донесе ќеркичката Матеа. По тој повод, нејзиниот долгогодишен партнер Никола Тодоровиќ организираше голема прослава за најблиските пријатели и семејството, каде што за незаборавната атмосфера се погрижи токму гордиот дедо.
Поврзани објави
Кнез не ја криеше среќата поради приновата во семејството, па го фати микрофонот и ги забавуваше гостите со своите најголеми хитови. На прославата присуствуваше и пејачката Сања Вучиќ, која дојде да му честита на гордиот татко, додека Ксенија, сосема оправдано, го пропушти славењето за да му се посвети на новороденчето.