Почетна СветУЕФА ќе ја исфрли Барселона од ЛШ!?

УЕФА ќе ја исфрли Барселона од ЛШ!?

од nenad
1 минути читај за

Шпанските медиуми пишуваат дека Европската куќа на фудбалот (УЕФА) наскоро ќе соопшти дека Барселона нема да биде дел од европските натпреварувања следната сезона, иако избори место во Лигата на шампиони (ЛШ) со освојување на трофејот во Ла Лига.

Инспекторите кои водат истрага против Барселона за корупција, донеле заклучок дека каталонскиот гигант треба да биде исфрлен од европските натпреварувања за следната сезона.

Наводно, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин го прочитал нивниот извештај и се очекува неговата конечна одлука во следните денови.

Според медиумите, УЕФА би можела да ја изрече казната пред да заврши истрагата на Ла Лига која се води веќе некое време против Барселона.

Извор: sport1.mk