Почетна СветПретседателот на Собранието на Македонија Митрески во Киев положи цвеќе во споменикот на Св. Климент Охридски

Претседателот на Собранието на Македонија Митрески во Киев положи цвеќе во споменикот на Св. Климент Охридски

од nenad
1 минути читај за

Во рамките на посетата на Украина, Митрески остварил посета на  Киевско-печерската  Лавра.

„Митрески, вчера во Киев оствари средба со Валериј Зуб, претседател на Групата на Врховната рада на Украина за меѓупарламентарна соработка со Република Македонија.

Митрески и Зуб изразија задоволство што во изминатите години во голема мера беше унапредена соработката меѓу Собранието на Република Македонија и Врховната Рада на Украина, како на билатерален, така и на мултилатерален план, во рамките на меѓународните парламентарни собранија. Стана збор и за можностите за унапредување на успешната меѓупарламентарна соработка, а особено соработката меѓу двете парламентарни групи за соработка, кои и досега беа многу активни, со бројни остварени средби и меѓусебни посети.

На специјалната седница на Врховната рада на Украина, претседателот на Собранието на Република Македонија Јован Митревски оствари поздравна средба со премиерот на Белгија Александер де Кроу“, се вели во соопштението на Собранието на Македонија.

Извор : vesnik-ilinden.com

Претседателот на Собранието на Македонија Митрески во Киев положи цвеќе во споменикот на Св. Климент Охридски