Table of Contents
Јужнокорејската глумица и инфлуенсерка Џун Џи-а е брутално убиена, а нејзиното тело било пронајдено во куфер во планински предел, само триесет минути по нејзиниот последен пренос во живо.
Според пишувањата на „Дејли мејл“, злосторството се случило на 11 септември, кога 51-годишниот осомничен, идентификуван само со презимето Чои, ја нападнал и задавил инфлуенсерката. Телото било откриено во областа Мују, во провинцијата Северна Џола.
Истражителите веруваат дека Џи-а починала само половина час по завршувањето на својот последен пренос во живо, кој го снимала на островот Џеонгјонг, оддалечен околу три часа возење од местото на пронаоѓањето на телото.
Инфлуенсерка со над 600.000 следбеници
Џун Џи-а била популарна интернет-ѕвезда со повеќе од 600.000 следбеници на Инстаграм, позната по своите модни и лајфстајл-видеа. Осомничениот Чои, кој тврдел дека е директор на ИТ-компанија, ѝ пристапил под изговор на деловна соработка, ветувајќи ѝ дека ќе ѝ помогне да ја зголеми популарноста.
Медиумите наведуваат дека Чои бил познат корисник на видео-платформите, каде што стекнал статус на таканаречен „VIP потрошувач“ под прекарот „Црна мачка“.
Платформата на која Џи-а ги водела своите преноси имала систем на рангирање според финансиската поддршка што корисниците им ја даваат на креаторите. За највисоките нивоа биле потребни огромни износи – Чои наводно достигнал 56. ниво, што, според податоците на весникот The News, чинело најмалку 53.000 фунти.
Поврзани објави
Фатален однос и трагедија
Според порталот Kbizoom, Џи-а планирала да ја прекине соработката со Чои непосредно пред трагичниот настан. Само ден пред убиството, безбедносните камери го снимиле осомничениот како клечи пред неа и очајно ја моли, што сега се смета за можен мотив.
Истражителите веруваат дека прекумерното финансиско вложување, личната опседнатост и долговите можеби довеле до убиството. Сведоците изјавиле дека виделе како Чои влече голем куфер од својот дом и застанува на неколку локации – последната во планинскиот предел Мују, каде што подоцна било пронајдено телото.
Тој бил уапсен само 12 часа по откривањето на телото. Иако првично ги негирал обвиненијата, според локалните медиуми, подоцна ги признал.
Болката на мајката
Мајката на убиената, скршена од болка, изјави за новинарите:
Детективот ми рече дека во 15:27 часот, на снимката од безбедносните камери, се гледа како ќерка ми се обидува да излезе од автомобилот, но некој сосила ја повлекува назад. Потоа вратата се затвора.“
Фото: Инстаграм