Почетна Убавина и здравјеУбава или здрава коса? А зошто не и двете? – Убавина и здравје

Убава или здрава коса? А зошто не и двете? – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

REVALID Bond Repair линијата е формулирана специјално за обнова на сува и оштетена коса. Развиен во Швајцарија, овој напреден систем комбинира врвна технологија за обнова и со забележителни резултати од првата употреба.

Сувата и оштетена коса е еден од најчестите симптоми кои се појавуваат кај женската популација. Токму затоа, во рамките на студијата на случај „Убава или здрава коса? А зошто не и двете?“ на регионалната конференција за жени ПРОФЕМИНА 2024, која се одржува во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, модераторот Бојан Гиевски и Благица Беговска Спасовскамагистер по фармација, лице одговорно за брендот Revalid во Македонија, им ги доближија на присутните гости проблемите и решенијата во негата на косата.

Благица, кои се најчестите знаци на сува и оштетена коса?

„Статистиката покажува дека процентот на луѓе со оштетена коса се зголемува низ годините.  Причините се најчесто – третирање со хемиски третмани, бланширање или користење на преса и фигаро. А надворешни фактори се ладното време, аеро-загадувањето и слично. 

Косата со расцветани врвови на пример е многу тешко може да се третира и да се обликува“ – појасни фармацевтката

Како треба да се негува сувата и оштетена коса?

Постојат неколку начини како сите ние да си помогнеме во негата на косата. Прво правило е дека пречестото миење на косата е штетно и за косата и за скалпот, па препорачувам одложување на миењето. Паметно би било да избегнуваме агресивни шампони, не треба агресивно да се трие туку да се тапка по скалпот. Колку и да е мрсна косата, мора да се одложува миењето, бидејкји носи конта-ефекти – истакна Беговска

Како и досега, дали Ревалид повторно нè изненадува со иновативна молекула и формулација?

Ние секогаш имаме иновативна молекула. Овој пат ова за нас беше вистински предизвик бидејќи сакавме да им излеземе во пресрет на пациентите кои сакаат да се фарбаат и да ја третираат косата. Bond Repair Comlex е нашиот нов изум!


Поврзани објави

Благица, можеш ли малку подетално да ни ги објасниш активните компоненти кои ги содржи новиот Revalid?

4 компоненти ја сочинуваат оваа моќна формула: KeraGuard, GenenCare, Prodew50 и екстракт од корен на Швајцарска Генцијана. Сите се на природна база и се идејно решение кое ќе донесе незапаметени резултати по однос на совршената нега на косата.

За првпат „Ревалид“ лансира производ што не се одмива од косата. Може ли подетално да ни го објасниш дејството на новиот Revalid bond repair balm?

Овој балсам помага во борба против кршливост и раздвојување, дава ефект против разлетаност, содржи микро емулзија која навлегува длабоко во влакното. Истовремено овозможува длабока хидратација на сувата коса. 

Да се потсетиме и на преостанатите производи од портфолиото на „Ревалид“…

Покрај балзамот во формулата го вградивме и Bond Repair шампонот кој ја потхранува косата, ја подобрува структурата и го регенерира влакното. Тука важна улога игра и кондиционерот, кој по измивање го оставање да отстои 5 минути на косата за да добиеме свиленкаст ефект.

Модераторот Гиевски ја замоли соговорничката да ги наброи и останатите најпродавани производи од линијата за нега на коса на REVALID

Ревалид во своето портфолио ги има и: Стимулирачкиот шапмон против опаѓање на коса, серумот против опаѓање а исгто така и шампонот и серумот за нега на перут објасни магистерот по фармација Благица Беговска Спасовска