118
Во моментот кога е лишен од слобода, кај него се пронајдени парите кои ги примил како поткуп.Од дополнително преземените мерки и активности било утврдено дека К.Ѓ. во периодот од јуни до ноември 2023 година во повеќе наврати од жители на Радовиш и Радовишко примил пари во вкупен износ од 18.000 денари и 150 евра како поткуп. Во еден случај примил поткуп за да не констатира прекршок по извршен надзор, а во останатите случаи поткупот го примил со цел да не изврши надзор кој бил должен да го изврши.К.Ѓ. е задржан во Полициската станица Радовиш и ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица.