Еден швајцарски државјанин и група од пет француски туристи се уапсени откако британска тинејџерка наводно била групно силувана во туристичкото место Магалуф на островот Мајорка.
Како што пишува Дејли Мејл, во мобилните телефони на осомничените има видеа од силувањето за кое тинејџерката тврди дека се случило.
Жртвата се сретнала со осомничените во понеделникот вечерта, а подоцна отишла во хотелска соба во која престојувал еден од осомничените, каде шестмината наводно сексуално ја нападнале, стои во изјавата на жртвата дадена пред полицијата на Мајорка.
Полиоцијата се појавила во хотелот откако добила телефонски повик од член на хотелското обезбедување кој затекнал млада жена како плаче. Набргу потоа полицијата ги приведе осомничените, сите на возраст над 20 години.
Иако осомничените се во затвор, ниту еден од нив не е официјално обвинет, бидејќи истрагата е во тек. Не се соопштуваат детали за нивниот идентитет или идентитетот на наводната жртва.
Детективите ја прегледале просторијата во која наводно се случил нападот и ги прегледале безбедносните снимки од влезот на хотелот како дел од тековната истрага.