„Премногу е слаба… Се здебелила… Претерува со естетски корекции… Зошто работи толку многу, кој ѝ ги чува децата… Зошто не излегува од дома…“
Со низа реални примери за двојните стандарди во општеството, популарната пејачка Наташа Беквалац испрати моќна порака до жените и предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Новосадската ѕвезда посочи дека жените денес постојано се наоѓаат под притисок да ги исполнат очекувањата на околината, кои често се целосно спротивставени – без разлика што ќе направат, секогаш ќе постои некој што ќе ги осудува.
„Премногу е слаба, што ѝ се случило?“
„Ох, колку се здебелила, изгледа многу постаро.“
„Што ѝ се овие силикони, личи на пластична кукла.“
„Каде ѝ се градите, рамна е како даска.“
„Работи секој ден, кој ли ѝ ги чува децата?“
„Кутрата, не излегува од дома, цело време е со децата.“
„Види на што личи, требало нешто да направи со лицето.“
„Леле, премногу се коригирала, нема ни мимика.“
„Се разведе, веќе има дечко – срамота.“
Поврзани објави
„Се разведе, со години нема никого – кутрата…“
Со овие примери, Беквалац ја опиша реалноста со која многу жени се соочуваат секојдневно – постојаното мерење, коментирање и осудување од страна на другите.
„Живејте според вашите мерила, не според туѓите очекувања“
Пејачката им порача на жените дека најважно е како самите се гледаат себеси, а не како ги доживуваат другите.
Всушност, драги мои жени, единственото што е важно е што и кого гледате кога ќе се погледнете во огледало. Живејте го својот единствен живот според вашите мерила, според вашите вредности и според системот на она што за вас е исправно, убаво и важно. Можете да бидете сè што посакувате. Еве, на пример, јас вечерва ќе бидам балерина“, напишала Наташа пред својот настап.
Нејзината порака за кратко време привлече големо внимание, а многумина ја поздравија поради искреноста и храброста отворено да зборува за притисоците со кои се соочуваат жените.
По три брака, Наташа откри дали е повторно заљубена
Беквалац, која зад себе има три неуспешни брака, подолг период е сама. Неодамна таа откри дали во нејзиниот живот се појавил маж кој ѝ го привлекол вниманието.
Секако дека машката енергија е околу мене. Јас ја сакам машката енергија, која често се покажува на сосема различни начини. Но, ако ме прашате конкретно – не. Не сум заљубена“, искрено изјавила пејачката.
Наташа уште еднаш покажа дека не се плаши да зборува за теми што ги засегаат многу жени, испраќајќи порака дека туѓите мислења не треба да бидат мерка за нечија среќа, избори и живот.
Фото: Инстаграм