Table of Contents
Вистински хорор се одвивал во Зоолошката градина во Загреб, каде што младиот африкански лав Уганда кон крајот на јули ја усмртил лавицата Тајри, и тоа пред бројните посетители, меѓу кои имало и деца.
Иако вработените претходно тврделе дека двата лава добро се согласувале и немало никакви знаци дека може да дојде до трагедија, сведоштвата на посетителите откриваат сосема поинаква слика.
„Ова не беше игра“
Хрватските медиуми објавија вознемирувачка видеоснимка од нападот, како и сведоштва на луѓе кои во моментот на трагедијата се наоѓале пред живеалиштето на лавовите.
Немаше многу луѓе, можеби петнаесетина. Од самиот почеток не ми изгледаше како игра. Лавот беше исклучително агресивен“, раскажува посетителка која тој ден била во зоолошката градина со своите деца.
Таа вели дека нејзината мајка го прашала вработениот зошто не интервенираат и зошто не ги испрскаат животните со вода за да го прекинат нападот.
Тој само ѝ одговори: ‘Па вие полејте ги.’ Бевме непријатно изненадени од таквата реакција“, раскажува сведокот.
Само неколку моменти подоцна, лавот ја зграпчил лавицата за вратот.
Во тој миг сфатив дека ова не е игра. Таа лежеше зад карпата и не се поместуваше. Веднаш ги оттурнав децата за да не го гледаат тоа и брзо заминавме.“
Посетители тврдат дека нападите траеле со денови
Друга посетителка од Загреб изјавила дека и претходно забележала како лавот постојано ја напаѓал лавицата, додека таа се обидувала да се одбрани.
Не сум експерт, но ми изгледаше дека нешто сериозно не е во ред. Таа постојано се лизгаше, лежеше на грб и делуваше целосно потчинето. Искрено, ми беше болно да го гледам тоа“, рекла таа.
Според неа, негувател стоел во близина и му довикувал на лавот да престане, но нападите продолжиле.
„Децата ме прашаа зошто лавот ја напаѓа лавицата“
Поврзани објави
Тамара од Словенија, која била во зоолошката со своите деца, раскажува дека при првото поминување покрај живеалиштето лавицата мирно лежела.
Кога подоцна повторно поминале, ситуацијата била сосема поинаква.
Лавот почна да ја напаѓа, таа се бранеше и заврши во водата. Почнавме да викаме, дојде вработен кој му довикуваше на лавот да се повлече. Тој накратко се оддалечи, а лавицата успеа да излезе од водата. Тогаш ги забележав гребаниците по нејзиното тело“, раскажува Тамара.
Нејзината помала ќерка не сфатила што се случува, но постарата ја прашала:
Мамо, зошто лавот ја напаѓа лавицата?“
По враќањето дома, пријателка ѝ испратила вест дека лавицата починала.
Го запрев автомобилот и заплакав. Навистина ме потресе тоа што се случи“, изјавила таа.
Обдукцијата покажала дека смртта настапила од задушување
Истрагата за случајот сè уште е во тек.
Според наодите на Ветеринарниот факултет, најверојатната причина за смртта е асфиксија, односно задушување, предизвикано од силен притисок врз гркланот и ждрелото.
Во Зоолошката градина во Загреб продолжува испитувањето на сите околности што довеле до трагичниот инцидент и дали претходното однесување на животните укажувало дека постои ризик од ваков фатален исход.
Фото и видео: Facebook