Почетна ТехнологијаТРИЧКО: Дир Палчо, Ме испотресе твоето писмо!

ТРИЧКО: Дир Палчо, Ме испотресе твоето писмо!

од nenad
1 минути читај за

Па ти, човеку, кога имаш ерекција не можеш да се свртиш во таа самица од шест квадрати.
На тие бетони јајцата мора да ти се ко жетони.
За џубокс.
Ми падна жал за тебе.
И јас би барал експресна екстрадиција.
Шутка е Хилтон за турските затвори со три ѕвездички.
Те чекаме.

Не знам дали си известен дека против тебе посебна постапка води производителот на фарбите што пред десетина години ги истури врз едно македонско говно.
Реномето им е уништено.
Ако докажеш дека говното било човек, можеби ќе ја повлечат тужбата.
Тоа е.
Во Скопје времето е променливо.

Линке се растурија, вмро на сите им дојде преку кур, Мицко е ко Сава у Космосу (ЉДФ), не знам дали можеш на Ванковска да и пратиш еден потпис, и фали, јебига, и сув бакнеж по ДХЛ, Десницата е обезглавена, Максо го држи фронтот околу Нагоричане ама тоа е како да игра билијард со една кугла.
Тешко е, но нашата ќелија е поширока.
Ако доволно бргу се вртиме, пенисот во ерекција ни се претвора во хелихоптерска елиса и ние можеме да полетаме високо во небото.
Ние сме слободни, Палчо.
А ти беше затворен и кога беше на слобода.

The post ТРИЧКО: Дир Палчо, Ме испотресе твоето писмо! appeared first on МАКТЕЛ.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска