Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утрово запленија и уништија околу сто килограми небезбедна храна на пазарот за стари работи познат како бувјак, во скопската наслеба Маџари. Запленета и нештетно уништена е небезбедна храна (чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви со месен нарезок, кроасани и други производи ) се продавала од физичко лице во несоодветни услови (на отворено), со поминат рок на употреба и без познато потекло, за што е изречена парична казна – се вели во соопштението од АХВ.
Агенцијата апелира до граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи, а храната да ја купуваат исклучиво од одобрени и регистрирани оператори од АХВ кои се под надзор на инспециските служби, бидејќи производите кои се продаваат на диво, од нерегистрирани оператори, најчесто од физички лица може да бидат небезбедни.