Почетна ЕкономијаТренчевска ќе додели дозволи за дејност од социјална заштита во Крива Паланка

Тренчевска ќе додели дозволи за дејност од социјална заштита во Крива Паланка

од nenad
1 минути читај за

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска во 11:30 часот ќе додели дозволи за вршење дејност од социјална заштита на давателите кои ќе ја спроведуваат социјалната услуга – Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење во општината Крива Паланка, најавуваат од Министерство за труд и социјална политика.

На настанот пред седиштетото на Црвениот крст во Крива Паланка ќе присуствуваат и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски и секретарот на Црвениот крст во оваа општина, Дарко Пешевски.

Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава, е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка.

 сх/лв/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА