Почетна ЕкономијаГроси и Зеленски разговараа за нуклеарната безбедноста на Украина

Гроси и Зеленски разговараа за нуклеарната безбедноста на Украина

од nenad
1 минути читај за

– Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси вчера му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски помош за купување нуклеарна опрема од Бугарија.

– МААЕ ќе ѝ даде на Украина техничка поддршка и совети за нуклеарна безбедност во врска со нејзините планови за купување опрема за нуклеарната централа Хмелницки, наменета за суспендираниот проект за изградба на АЕЦ „Белене“ во Бугарија.

Ова ќе и помогне на Украина да се осигури дека спроведувањето на овој проект ќе продолжи во согласност со безбедносните стандарди, се наведува во соопштението на МААЕ.

Предвидено е Украина да купи два нуклеарни реактори и друга опрема од руско производство. Гроси и Зеленски разговараа и за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија.

Предвидено е шефот на МААЕ, петти пат од почетокот на војната, да ја посети најголемата нуклеарна централа во Европа.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА