Што мислите вие – ви се допаѓа оваа венчаница?
Видеото од една венчаница што ја потпишува бренд од Косово неодамна го обиколило целиот свет и предизвикало вистинска бура на социјалните мрежи. Луѓето полемизираат околу тоа дали овој фустан е примерен за една невеста или не, а дебатата толку се разгорела што стигнала дури и до британските медиуми!
Имено, модна куќа од Приштина, специјализирана за изработка на венчаници, неодамна споделила видео од убава манекенка во раскошна и неверојатно впечатлива венчаница што тие ја дизајнирале.
„Чувствувајте се како кралица на својата венчавка“, пишува во описот на видеото во коешто манекенка носи бајковит фустан во бела боја, проткаен со сребрени светки, со ракави и горен дел кои визуелно создаваат форма на пеперутка.
Поврзани објави
Креацијата, која инаку чини околу 4.500 евра, во секој случај остава силен впечаток, луксузна е и необична, но еден детаљ особено им пречи на многумина. Можеби претпоставувате – на повеќето луѓе не им се допаѓа фактот што некоја невеста на својата венчавка ќе носи толку длабоко деколте што градите во секој момент би можеле да ѝ „излетаат“ од фустанот.
„Уништивте прекрасен фустан и направивте да изгледа евтино“, „Ова деколте не изгледа ни пристојно ни елегантно, а не е ни практично – прашајте ја невестата дали би можела опуштено да танцува во ова“, „Зошто да покажувате толку гола кожа на својата венчавка?“, „Неверојатна венчаница, но многу е лошо тоа што градите се целосно откриени“, „Невестата не би можела да се движи во ова без да се грижи дали ќе ѝ излезат брадавиците“, „Ризикувам да звучам старомодна, но ова е претерано“, „Мене ова деколте не ми изгледа кралски“, „Која жена може да игра во ова?“, се само некои од коментарите.
Што мислите вие? Би носеле ваква венчаница на вашата свадба?
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @blini_official