16 бебиња, од кои две беа извлечени од урнати згради по земјотресите во Турција, се качени во претседателскиот авион на Ердоган во градот Кахраманмарас и ќе бидат пренесени во Анкара.
Бебињата со амбулантни возила биле однесени на аеродромот, каде што им биле предадени на социјалните работници кои ќе се грижат за нив, пренесе Ројтерс.
На видеото објавено од турското претседателство се гледа како луѓето се грижат за малите деца. Ги чуваат и ги хранат бебињата во авионот.
Турскиот претседател Реџеп Ердоган, кој прогласи вонредна состојба во 10 провинции и испрати војници да помогнат, го посети Кахраманмарас. Тој коментира дека по силните земјотреси имало проблеми со патиштата и аеродромите, но денеска состојбата е „подобра“.