Почетна ЕкономијаТрамп ѝ одреди на Русија рок од 10-12 дена за крај на војната во Украина

Трамп ѝ одреди на Русија рок од 10-12 дена за крај на војната во Украина

од nenad
1 минути читај за

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изврши дополнителен притисок врз Русија да го прекине воениот конфликт во Украина, изјавувајќи дека ѝ дава на Москва нов краен рок од 10 до 12 дена за остварување прогрес.

Трамп, кој престојува во Шкотска, претходно во текот на денот нагласи дека ќе го скрати првичниот краен рок од 50 дена, кој го одреди поради неговото незадоволство од рускиот претседател Владимир Путин. Тој го постави рокот од 50 дена на почетокот на месецот.

Претседателот на САД постојано ја изразуваше својата огорченост кон Путин поради неговите континуирани напади врз Украина, и покрај напорите на САД за ставање крај на војната.

Пред неговото враќање во Белата куќа во јануари, Трамп, кој се претставува како миротворец, даде ветување дека ќе го заврши тригодишниот конфликт за само 24 часа.

Трамп се закани со нови санкции кон Русија и земјите кои купуваат руски производи, доколку не се постигне договор до почетокот на септември.

Американскиот претседател, исто така, ја изрази својата незадоволство од постапките на украинскиот претседател Володимир Зеленски и не секогаш ги поткрепуваше своите остри забелешки кон Путин со конкретни чекори, осврнувајќи се на, како што тој го нарекува, добар однос кој двајцата го имале во минатото.

“Многу пати мислевме дека сме го решиле тоа, а потоа претседателот Путин почна да испукува ракети кон некој град како Киев и уби многу луѓе во дом за стари лица или нешто слично”, рече Трамп.

“И јас велам дека тоа не е начин”, додаде тој.
мс/фото: ЕПА архива .
Извор: МИА