Почетна ЕкономијаТрамп ќе го пречека катарскиот премиер во голф-центарот

Трамп ќе го пречека катарскиот премиер во голф-центарот

од nenad
1 минути читај за

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе биде домаќин на катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани во неговиот голф-центар во Бедминстер, во североисточниот дел на Њу Џерси, објави Белата куќа.

Состанокот доаѓа три дена по нападот на Израел врз водачите на палестинското исламистичко движење Хамас, кои се собраа во станбен комплекс во Доха, главниот град на Катар.

Израел предизвика незадоволство кај многу сојузници откако го нападна главниот град на Катар, кој е посредник во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

Трамп дури и упати ретка критика кон Израел, неговиот близок партнер, изјавувајќи дека е „многу незадоволен“ од израелските напади.

Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, ќе биде присутен на вечерата помеѓу американскиот претседател и катарскиот премиер.

Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани, претходно оваа седмица изјави дека се надева дека неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху ќе биде „изведен пред лицето на правдата“, верувајќи дека нападот „убил секаква надеж“ за ослободување на заложниците во Газа.

Државниот секретар Марко Рубио разговараше со катарскиот лидер порано во текот на денот.

Рубио ќе патува во Израел за време на викендот за да ја пренесе поддршката на САД пред претстојното признавање на палестинска држава од страна на неколку држави, вклучително и Франција, на следната сесија на Генералното собрание на ОН.

Рубио ќе им ја истакне на израелските лидери посветеноста на САД во борбата против антиизраелските мерки, вклучително и едностраното признавање на палестинска држава, кои „го наградуваат тероризмот на Хамас“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот.

мс/фото: ЕПА.

Извор: МИА