Почетна ЕкономијаТрамп предупреди на 100% царини за Канада ако склучи трговски договор со Кина

Трамп предупреди на 100% царини за Канада ако склучи трговски договор со Кина

од nenad
1 минути читај за

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска предупреди дека Соединетите Држави ќе воведат целосна стопроцентна царина на сета стока увезена од Канада, доколку таа земја склучи трговски договор со Народна Република Кина.

На својата платформа Truth Social, Трамп остро ја критикуваше реакцијата на канадскиот премиер, кого го нарече „гувернер“, потенцирајќи дека тој „прави голема грешка доколку смета дека ќе ја претвори Канада во транзитен центар за Кина за пласирање на своите стоки и производи на американскиот пазар“.

„Тогаш Кина буквално би ја проголтала цела Канада, вклучително и би предизвикала целосно уништување на нивните бизниси, социјалниот поредок и целокупниот начин на живеење“, напиша американскиот претседател.

Овие коментари следуваат по склучувањето на договор меѓу канадскиот премиер и кинескиот претседател Си Ѓинпинг во Пекинг, со кој се предвидува намалување на давачките за електрични автомобили, земјоделски производи и други стопански гранки.

За време на својот разговор со Си Ѓинпинг, во рамките на првата посета на канадски премиер на Кина по осум години, канадскиот лидер истакна дека ангажманот и заедничката соработка мора да бидат столб на новото партнерство, посочувајќи ги земјоделството, енергетиката и финансиите како сектори со потенцијал за најбрз развој.