Почетна ТехнологијаТрамп постави бизнисмен со српско потекло на чело на државната банка за поддршка на извозот

Трамп постави бизнисмен со српско потекло на чело на државната банка за поддршка на извозот

од nenad
1 минути читај за

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го именува бизнисменот со српско потекло Јован „Џон“ Јовановиќ за директор на државната „Експорт-импорт банка“ (ЕКСИМ). – Горд сум што го номинирав Џон Јовановиќ за претседател и извршен директор на Експорт-импорт банка на САД (EXIM). Џон ќе го искористи своето долгогодишно искуство во финансиите, инвестициите и градењето бизнис во енергетските, стоковите и критичните инфраструктурни сектори, за повторно да ја направи Америка доминантна во енергијата и производството“, пишува во номинацијата на Трамп за Јовановиќ, поднесена во Конгресот неделава.

Според порталот на англиски јазик „Serbian Times“, 39-годишниот Јовановиќ израснал во Чикаго, каде од Србија се преселиле неговите родители, Нада и Среќко. Тој магистрирал бизнис на Факултетот Вартон на Универзитетот во Пенсилванија, но има и диплома по политички науки од престижниот универзитет Принстон. Во богатата професионална биографија на Јовановиќ пишува дека работел во „Дојче банк“ и во повеќе меѓународни корпорации. ЕКСИМ-банката, основана во 1934 година од претседателот Френклин Д. Рузвелт, има задача да го поддржува извозот на американски стоки и услуги.