Почетна ЕкономијаТрамп нема план да ја продолжи 90-дневната суспензија на царините

Трамп нема план да ја продолжи 90-дневната суспензија на царините

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека не планира да ја продолжи деведесетдневната суспензија за воведување давачки за мнозинството држави по 9-ти јули, кога завршува крајниот рок кој тој го постави за преговори.

Тој подвлече дека неговата влада ќе ги информира државите дека трговските санкции ќе стапат на сила доколку не се постигне спогодба.

Трамп за Фокс Њуз изјави дека известувањата за имплементација на царини кон државите со кои нема да се постигне договор ќе почнат да се праќаат “прилично брзо”, како што се приближува назначениот датум за постигнување договори.

“Ќе погледнеме како земјата се однесува кон нас, дали нè третира добро, или не толку добро. Некои земји не нè интересираат, само ќе испратиме голем број писма”, рече Трамп.