Почетна ЕкономијаТрамп: Договорот со ЕУ е 50-50, договорот со Канада неизвесен

Трамп: Договорот со ЕУ е 50-50, договорот со Канада неизвесен

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека постои 50-процентна можност Соединетите Американски Држави да склучат трговски договор со Европската Унија. Тој го соопшти ова на медиумите при заминувањето за Шкотска.

Трамп додаде дека САД можеби нема да постигнат договор за трговија и со Канада. “Немавме многу среќа со Канада. Мислам дека Канада би можела да биде земја каде што имаме само царини, а не преговори”, рече американскиот лидер.

Исто така, Трамп изјави дека имал добар состанок со претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, и дека добил впечаток дека Пауел е можеби расположен да ги намали каматните стапки.

Претходно, Трамп влезе во конфликт со Пауел за време на неговата посета на американската централна банка и ги критикуваше трошоците за реновирање на две историски зданија во нејзиното седиште. Оваа недела, американскиот претседател го нарече Пауел “будала” затоа што не одговорил на барањето на Белата куќа за значително намалување на трошоците за задолжување, но рече дека нема намера да го отпушти Пауел, како што претходно имаше наговестено.

Оптоварен со прашања за неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, Трамп денеска замина за Шкотска. За време на патувањето, тој ќе комбинира голф со политика, главно далеку од очите на јавноста. Трамп планира да го посети својот голф-центар во Тарнбери на западниот брег на Шкотска, каде што ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер во понеделник, пред да се упати кон својот сопствен простран голф-комплекс во близина на Абердин.

мс/фото: ЕПА.