По средбата со канадскиот премиер, Марк Карни, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека има подобрување во сложените трговски разговори, но не даде конкретни ублажувања.
“Веднаш ми се допадна (Карни) и имаме добар однос. Имаме нормален трговски конфликт, но најверојатно ќе го решиме”, нагласи Трамп.
Карни, исто така, е убеден дека ќе се најде решение за несогласувањето околу тарифите кои ги затегнаа билатералните врски и ја ослабнаа канадската економија.
За разлика од другите значајни сојузници на САД, вклучувајќи ја и Европската Унија, Канада сè уште нема постигнато опширен трговски договор со својот сосед и клучен економски партнер.
За Канада, ризиците се високи бидејќи 75 проценти од нивниот извоз се насочени кон нивниот јужен сосед, а нивниот бруто домашен производ (БДП) забележа пад од приближно 1,5 проценти во вториот квартал.
Трамп воведе тарифи за граѓа, алуминиум, челик и автомобилската индустрија во Канада.
Вчера, тој исто така воведе царини за тешки товарни возила увезени во САД, кои ќе бидат оданочени со стапка од 25 проценти почнувајќи од 1 ноември.
ми/фото: ЕПА .