Почетна Убавина и здравје Тракторот му ги искорнал двете раце на младичот – лекарите успеале да му ги сошијат екстремитетите, а се спасил благодарение на МОЛИВ

Тракторот му ги искорнал двете раце на младичот – лекарите успеале да му ги сошијат екстремитетите, а се спасил благодарение на МОЛИВ

од nenad
1 минути читај за

Нагонот за преживување бил посилен од стравот, па несреќниот млад човек успеал да си го спаси животот.

На социјалните мрежи почна да кружи фотографија од маж кој седи во лекарска ординација откако на страшен начин ги изгубил двете раце. Сепак, приказната има неверојатен и многу среќен крај.

Имено, во 1992 година, во Северна Дакота, триесетгодишниот Џон Томпсон доживеал несреќа во селото каде што живеел. Џон бил прегазен од трактор и му биле скинати двете раце. Несреќниот млад човек успеал сам да стане, да стигне до куќата и со уста да го земе моливот, со чија помош повикал итна помош!

Како што подоцна објаснил, во тие моменти бил сам во куќата и само така успеал да се спаси, во што и успеал. Благодарение на брзата реакција, Џон преживеал, а неговите екстремитети биле спасени, и двете раце успешно му биле сошиени од рамениците.


Поврзани објави

Кога бил примен во болницата, лекарите му рекле дека е чудо што е жив, бидејќи изгубил многу крв.

Како што објасни за американските медиуми, операцијата и закрепнувањето биле исклучително долги и тешки, но Џон успеал. Денес е жив и здрав и има 50 години. Освен што мора да оди на рехабилитација заради рацете, Џон има проблеми и со меморијата.

Како што објасни, по несреќата отпатувал за Вашингтон, каде што се сретнал со тогашниот американски претседател Бил Клинтон, но на тоа воопшто не се сеќава.

Фото: Prinscreen Youtube

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING