Според ЦУК, Тошковски откако се запознал со условите во кои работат изразил жалење што тие се такви, како и за недостигот на кадар во ова одделение и за ниските плати.
-Припадниците на воздухопловниот дел од ДЗС, од кои некои се вратија и од пензија, заедно со екипите на Одделот за воздухопловни единици на МВР и на Воздухопловниот „винг“ на Армијата се хероите кои секојдневно се во битката со пожарите со кои се соочува нашата татковина. За тоа, преку нивните изјави, се согласни и Ангелов и Ташковски, стои во соопштението.Министерот Тошковски, како што се наведува, најавил реформи на системот за справување со кризи, како од оперативен, така и од материјално-технички карактер.
– Се сложивме дека потребата од реформата на системот е голема, а тие остануваат тука се додека е потребно, заедно да ги спасиме нашите шуми и природни богатства. Министерството за внатрешни работи останува со сите свои капацитети да учествува во гасењето на пожарите и во пронаоѓањето лица кои учествуваат во нивно подметнување и ширење. Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија, но во меѓувреме беа повторно ангажирани поради големиот број на летни пожари, изјави Тошковски.
-Покрај запознавањето со пилотите и техничките карактеристики на противпожарните авиони на ДЗС, а и со персоналот, Ангелов и Тошковски се сретнале и со екипите од Кипар и Германија, кои преку Механизам за цивилна заштита на ЕУ учествуваат во гасењето на пожарите.