Почетна МакедонијаТочно на полноќ се роди машко бебе на ГАК – Во првите 15 минути од новата година, се родиле 3 бебиња на гинекологија

Точно на полноќ се роди машко бебе на ГАК – Во првите 15 минути од новата година, се родиле 3 бебиња на гинекологија

од nenad
1 минути читај за

-Станува збор за здраво машко дете, тешко 3760 грама и долго 52 сантиметри. Му посакувам многу здравје, среќа и безгрижно детство а на родителите им упатувам искрени честитки за приновата во семејството. На граѓаните им ја честитам новата година и им посакувам добро здравје и успеси – изјави Меџити.Министерката Тренчевска го откри името на бебето – Алек.

-Им честитам на мајката и таткото Стефановски. Нека им е живо и здраво, да има среќно детство и тие да бидат среќни родители, со оглед на тоа што ова им е прва рожба во фамилијата – истакна Тренчевска.Директорката на ГАК Викторија Јовановска им ја честиташе новата година на сите граѓани.

-Им се заблагодарувам на сите вработени на клиниката. Годината почна убаво, со родени 3 бебиња сите спонтано, во првите 15 минути од новата година. Тоа е добар знак, дека годината ќе ни биде подобра од минатата и се надеваме дека ќе имаме многу повеќе здрави и доносени бебиња и повеќе среќни родители – рече Јовановска.