По протестите околу нејзин концерт, хрватската пејачка наводно останала и без ангажмани во Црна Гора
Пејачката Северина Вучковиќ, која во јавноста е критикувана поради изјави и ставови поврзани со случувањата во Србија, наводно останала без закажани настапи за време на празниците, дури и во Црна Гора.
По протестите што се одржаа по повод нејзин најавен концерт во Ливно, Северина, според медиумски извештаи, доживеала уште еден удар – откажување на настапи на црногорското приморје, каде што традиционално настапуваат бројни регионални ѕвезди за време на празниците.
Поврзани објави
Црногорскиот водител Божо Добриша изјави дека организаторите биле свесни оти публиката не покажува интерес за нејзини настапи. Според него, претходно постоеле најави дека таа ќе пее во Црна Гора, но плановите биле променети. Тој тврди дека нејзиниот тим наводно вршел притисок врз одредени организатори и туристички организации со кои имале договори.
Добриша додава дека на пејачката особено ѝ пречело тоа што други хрватски изведувачи, како и помлади имиња од естрадата, добиле ангажмани за празниците, додека таа останала без ниту еден настап. Според него, ако ваквиот тренд продолжи, нејзините настапи ќе се сведат само на приватни простори.
printskrin youtube – HRVATSKA TV – severina