Почетна ЕкономијаТомовски: Горд на повторното отворање на комплексот „Македонско село“, затворен речиси седум години

Томовски: Горд на повторното отворање на комплексот „Македонско село“, затворен речиси седум години

од nenad
1 минути читај за

Од денес, комплексот „Македонско село“ повторно ќе прерасне во средиште на културната интеракција, наследството, изворната архитектура и туристичката понуда на Македонија.

Тој ќе претставува одредиште за локални и меѓународни посетители, за ученици и академци, за творци и научници, за сите оние кои сакаат да ја доживеат душата на Македонија – динамична, срдечна и достоинствена.

„Горд сум на реотворањето на комплексот кој речиси седум години беше затворен и сведочеше за недомаќинско и неодговорно управување во минатото“, пишува денес на социјалните мрежи директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

Томовски нагласува: „Денеска испративме јасна порака – кога постои визија, кога има одговорност и посветена работа, државниот имот може и мора да биде ставен во функција на граѓаните и националниот интерес“.

„Македонско село“, додава тој, „го враќаме како жив симбол на македонската историја, како економски двигател за локалниот развој и како пример дека кога државата управува чесно, резултатите се видливи и трајни“.