Почетна Технологија„Тоа не е доволно“ – МАКТЕЛ

„Тоа не е доволно“ – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли понудата на Брисел за укинување на царините за автомобили и индустриски стоки. Toj ѝ порача на Европската Унија дека мора да се согласи да купи американска енергија во вредност од 350 милијарди долари доколку сака да избегне широки царини наметнати од неговата администрација. Трамп синоќа реагираше на изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која претходно истиот ден изјави дека ЕУ е подготвена да ги укине сите царини за увоз на автомобили и индустриски производи од САД, доколку Вашингтон го стори истото. Запрашан од новинарите дали смета дека понудата е доволна за да се откаже од царините, Трамп рече: „Не, не е“.

„Имаме дефицит со Европската Унија од 350 милијарди долари и тој брзо ќе исчезне. Еден начин тоа да исчезне брзо и лесно е дека тие мора да ја купат нашата енергија… ако купат, можеме да ги отфрлиме тие 350 милијарди за една недела. Тие мора да купат и да се обврзат да купат еднаква количина енергија“, нагласи Трамп. Фон дер Лајен излезе со понудата откако Трамп минатата недела воведе царини од 20 отсто за производи од ЕУ, како и најмалку 10 отсто за стоки од други трговски партнери. Како одговор, глобалните пазари загубија трилиони долари, а европските берзи во понеделникот го забележаа својот најголем еднодневен пад од почетокот на пандемијата ковид-19. Вчера во САД пристигна израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој од американскиот претседател побара изземање на Израел од американските царини.