Почетна ЕкономијаТешки товарни возила на ГП Блаце се пренасочуваат преку бензинската пумпа Дизел

Тешки товарни возила на ГП Блаце се пренасочуваат преку бензинската пумпа Дизел

од nenad
1 минути читај за

Денес, почнувајќи од 6:49 часот, транспортот за товарни возила со голема тонажа на граничниот премин Блаце се пренасочува преку бензинската станица Дизел.

Според информациите од АМСМ, заради зачестениот проток на возила, на граничните премини Богородица, Дојран и Табановце се чека приближно 30 минути.

На останатите гранични премини од наша страна нема поголеми задржувања за влез и излез од земјата. Моторниот сообраќај на државните патишта се одвива тековно, по суви коловози.

Густината на сообраќај на патните правци надвор од урбаните подрачја е зголемена.

АМСМ советува приспособена брзина на движење, придржување кон поставените сообраќајни знаци и внимателно управување со возилата, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од појава на одрони.

Ова особено се однесува за делниците: „Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.“
мд/Фото: МИА архива

Извор: МИА